Русија е подготвена да се врати на преговорите за цената на гасот, доколку Украина подмири барем еден дел од долгот, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.
„Никој не рече: дајте ми веднаш четири милијарди! Но морате да покажете дека сте подготвени (да го платите долгот). Ако платат дел од него - тоа го исполнува минимумот за разговори. Подготвени сме да преговараме за тој проблем. Подготвени сме да разговараме за тоа на кој начин ќе го поддржиме животот на луѓето во Украина. Во таа смисла, подготвени сме и да преговараме за понатамошната соработка на сопствена штета. Тоа е на некој начин финансиска помош“, изјави премиерот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче