Западни медиуми: Путин го изгуби Мајдан, но победува на референдумите

Претседателот на Русија, Владимир Путин, можеби го изгуби Мајдан, но сега победува со референдумите, пишува The Wall Street Journal.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, можеби го изгуби Мајдан, но сега победува со референдумите, пишува The Wall Street Journal. Според мислењето на весникот, Германија и администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама, повторно се „фатија на јадицата“ на рускиот лидер, кој предлага решавање за создадените од него проблеми. Весникот потсетува на Женевските договори, склучени во април, и напомнува дека дека сега Путин повторно го поканува државниот секретар на САД, Џон Кери и претставниците на ЕУ за да разговараат за Киев.

„Сепак, битката за истокот на Украина уште не е завршена“, се кажува во статијата. После претседателските избори во државата ќе се појави лидер, чија главна задача ќе биде да се задржи територијалниот интегритет на државата, смета весникот. Притоа, нејасно е што ќе преземат САД и ЕУ во врска со референдумите, пишува весникот. Според весникот, Путин разбира дека западните лидери сакаат да направат „максимално малку“, па затоа рускиот претседател сака да направи „максимално многу“, без да ја внесува својата војска во Украина.

The New York Times пишува дека Русија држи дистанца од референдумите. Претходно беше соопштено дека Москва „со почит“ се однесува кон резултатите од референдумите, пофалувајќи ја високата излезност на населението. Како што пишува весникот, Кремљ се воздржа од директно признавање на тие избори, за разлика од ситуацијата на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња