Русија уништи 80% од своите резерви хемиско оружје. Според тоа, уништени се 31.974 тони од 40.000 кои Русија ги поседува, пренесува „Интерфакс“, пренесувајќи ги зборовите на Валериј Капашин, шеф на Федералната управа за безбедно чување и уништување на хемиското оружје.
Според неговите зборови, Русија навремено ги извршува своите меѓународни обврски за уништување на резервите хемиско оружје.
За да се заврши програмата за хемиско разоружување, Русија ќе треба да активира уште една програма за уништување на насложените отрови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче