Франција ѝ предложи на Ерменија да најде методи и начини истовремено да соработува со Царинската унија и да го започне процесот за асоцијација со ЕУ, во чии рамки е предвидено создавање зони за слободна трговија. Ова го изјави францускиот претседател Франсоа Оланд за време на средбата со претседателот на Ерменија, Серж Саргсјан во Ереван, пренесува „Газета.ру“.
Оланд додаде дека отсекогаш го разбирал односот меѓу Ерменија и Русија, и затоа не може да бара раскинување на соработката со Русија.
„Тоа би било апсурдно. Ерменија постои во посебна геополитичка ситуација“, изјави Оланд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче