Руска група инспектори од 12 до 17 мај ќе извршат извиднички лет со рускиот авион Ан-30Б над територијата на Хрватска и Словенија во рамките на реализацијата на меѓународниот договор за отворено небо.
Летовите ќе бидат извршени од аеродромите во Загреб и Љубљана на максимална оддалеченост од 1.300, односно 500 километри, изјави Сергеј Рижов, началник во националниот центар за намалување на нуклеарниот ризик.
Тој објасни дека руските авион ќе извршат лет по рута претходно усогласена со Хрватска и Словенија, а нивните експерти ќе ја контролираат употребата на надзорната опрема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче