МНР на Русија е зачудено од забраната за пренесување на кутиите со потписи од жителите на Приднестровје за приклучување во составот на Русија во авионот на вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, се кажува во соопштение на Министерството за надворешни работи на Русија.
„Ова за нас е противправна акција донесена од молдавските структури во аеродромот во Кишинев. Овие дејства противречат на општоприфатената меѓународна политика за дипломатски багаж, како и на изјавите на молдавските власти за нивниот конструктивен однос со Русската Федерација“, се кажува во соопштението.
Во Москва ја сметаат за неадекватна реакцијата во Кишинев за учеството на руската делегација во Тираспољ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче