Министерство за енергетика: Гаспром прави сѐ што може да за да ги исполни европските договори

Гаспром вложува големи напори за да го обезбеди извршувањето на сите договорени обврски, изјави за новинарите заменикот министер за енергетика на Русија, Анатолиј Јановски.

Гаспром вложува големи напори за да го обезбеди извршувањето на сите договорени обврски, изјави за новинарите заменикот министер за енергетика на Русија, Анатолиј Јановски. Тој објасни дека Гаспром го зголемува пумпањето гас во подземните складишта во Европа. „Имаме можност која ќе ја искористиме - а тоа се гасоводите Јамал-Европа и Северен тек“, изјави Јановски, нагласувајќи дека нивниот обем може да се спореди со обемот на подземните складишта во Украина.

„Најголем ризик имаат оние земји кои немаат можност за алтернативни испораки и мораат да го користат украинскиот систем за транспорт на гас“, додаде министерот. Тој објасни дека тоа се Бугарија, Босна и Херцеговина и неколку други земји. Руската компанија претходно укажа дека било какви спорови со Украина можат да доведат до нарушување на извозот на гас во Европа.

Компанијата, исто така, изрази стравување дека „Нефтогас Украина“ нема да може да ги исполни своите обврски за транзитот на гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња