Во Москва пристигна молбата на граѓаните од Приднестровје за влегување во составот на Русија

Повеќето потписи на граѓаните од Приднестровје за влегување во составот на Русија пристигнаа во Москва, соопшти потпретседателот на владата на РФ, Дмитриј Рогозин.

Повеќето потписи на граѓаните од Приднестровје за влегување во составот на Русија пристигнаа во Москва, соопшти потпретседателот на владата на РФ, Дмитриј Рогозин.

 Тој истакна дека провокацијата на Кишинев ќе има посериозни последици за односите меѓу Русија и Молдавија.

Молдавија побара да се врати владиниот авион, со кој Рогозин требаше да се врати во Москва од Приднестровје, каде се наоѓаат неколку кутии со ливчиња со потписите на граѓаните на Приднестровје.

Бидејќи Украина и Романија го затворија својот воздушен простор за владиниот авион, Рогозин се врати во Москва со редовен лет. Неговиот пример го следеа и пратениците од Државната Дума кои беа во посета во републиката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња