Америка го смета референдумот на југоистокот на Украина за нелегитимен и нема намера да ги признае резултатите, изјави Џенифер Псаки, претставничка на Стејт Департментот, а пренесува РИА „Новости“.
„Ако референдумот биде одржан, тоа ќе биде кршење на меѓународниот закон и повреда на територијалниот интегритет на Украина. САД нема да ги признаат резултатите од тие нелегитимни референдуми“, ги пренесува нејзините зборови ТВ компанијата Фокс.
Во Донецката и Луганската област во Украина вчера се одржаа референдуми за статусот на регионите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче