Италијански аналитичар: САД со помош на Украина сакаат да го завртат вниманието на Русија од Блискиот Исток

Украина се претора во жариште на политичка нестабилност во Европа, и во одреден степен станува слична на Блискиот Исток, од која САД се обидуваат да го одвлечат вниманието на Русија, изјави Германот Дотори, соработник при катедрата за стратешки истражувања во Римскиот универзитет LUISS.

Украина се претора во жариште на политичка нестабилност во Европа, и во одреден степен станува слична на Блискиот Исток, од која САД се обидуваат да го одвлечат вниманието на Русија, изјави Германот Дотори, соработник при катедрата за стратешки истражувања во Римскиот универзитет LUISS.

Аналитичарот нагласи дека таквиот развој на настаните одговара на стратешките интереси на САД:

„Претседателот Барак Обама би сакал да остане познат во историјата по тоа што допринел за помирување меѓу САД и Иран. Во тие рамки, создавањето на ново жариште во Украина би требало да допринесе за одвлекување на вниманието на Русија од блискоисточните проблеми“, кажува експертот.

„Преку создавањето криза недалеку од руските граници се намалува активноста на Москва во блискоисточниот регион што ѝ одговара на Америка, бидејќи на Блискиот Исток сега се создаваат тенденции кои можат да го изменат глобалниот однос на силите во светот“, истакна италијанскиот аналитичар.

„Во целост сум уверен дека Американците нема да поттикнуваат помирување во Украина, доколку тоа не допринесе до интеграција на Украина со Западот, бидејќи, во тој случај, САД би требало да ангажираат значителни ресурси, пред сѐ, би требало да ја обезбедат заштитата на Украина од воен аспект“, нагласи експертот.

Дотори објасни дека таквиот развој на настаните не одговара на желбата на администрацијата на Обама да ги намали трошоците за надворешната политика на САД.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња