Русија и Унгарија разговараат за нуклеарната безбедност

Русија со Унгарија водеа разговори за склучување договор во областа на нуклеарната и радиолошката безбедност во користењето на нуклеарната енергија, објавено е на интернет-страницата на владата на Русија.

Иницијатор на склучувањето на договорот е Унгарија. Се работи за користење и модернизација на енергетските блокови на централата Пакш, која се наоѓа на 100 километри од Будимпешта.

На почетокот на годината руските и унгарските претставници потпишаа документи за соработка во користењето на нуклеарната енергија во мирни цели, а во март Москва донесе одлука да издвои 10 милијарди евра за изградба на два нови енергетски блока од нуклеарната централа „Пакш“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња