Специјалниот претставник на претседателот на Русија за Приднестровје, потпретседателот на владата, Дмитриј Рогозин, кој се наоѓа во посета на Тираспољ, јавува дека Украина и Романија не дозволуваат неговиот авион да помине низ воздушното пространство на тие земји.
„Романија на барање на САД го затвори воздушниот простор за мојот авион. И Украина со истата забрана. Следниот пат ќе одам со авионот ТУ-160“, напиша Рогозин на својот Твитер.
Претходно беше јавено дека на 8 мај авионот на Рогозин, кој леташе од Кишињев, не добил дозвола да помине низ воздушното пространство на Украина.
Ту-160 е единствениот руски суперсоничен стратешки бомбардер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче