Во рускиот главен град од 23 до 24 мај ќе се одржи Третата московска конференција за меѓународна безбедност, на која ќе учествуваат околу 40 земји и меѓународни организации, соопшти прес-службата на министерството за одбрана на Руската Федерација.
Оваа година главни теми на конференцијата ќе бидат најновите случувања на Блискиот исток, северот на Африка и Авганистан, како и ситуацијата во Украина.
Планиран е директен пренос од конференцијата да се изврши преку министерството за одбрана на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.