Руски кредит за Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Белорусија во мај ќе добие кредит од Русија во висина од 2 милијарди долари, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Белорусија во мај ќе добие кредит од Русија во висина од 2 милијарди долари, пренесува РИА „Новости“.

„Руската Федерација, како што беше ветено, ќе префрли 2 милијарди долари. За една недела прашањето ќе биде решено“, изјави Лукашенко.

Тој забележа дека парите ќе бидат искористени за поддршка на девизните резерви на земјата.

Кон крајот на 2013 година претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека владата на Русија ќе ѝ испорача на Белорусија дополнителни средства од 2 милијарди долари. Првиот дел од оваа сума Русија ја доби во почетокот на јануари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња