Западни медиуми: зборовите на Путин сведочат за можниот излез од украинската криза

Зборовите на претседателот на Русија, Владимир Путин, можат да сведочат за разрешувањето на опасната ситуација во Украина, доколку шефот на државата навистина го мислеше тоа што го изјави, пишува The New York Times.

Претходно беше соопштено дека Путин повикува да се премести датумот на одржување на референдумот за иднината на југоистокот на Украина, планиран за 11 мај.

Како што забележува американскиот весник, во овој момент Путин можеби има силни причини за откажување од конфронтациите и создавање пространство за преговори. Според една од верзиите на весникот, Путин, најверојатно , се плаши дека ситуацијата во југоистокот на Украина се движи во правец кој тој не може да ја контролира. Според друга верзија, Путин смета дека веќе го добил тоа што го сакал, се кажува во статијата.

Ако изјавите на рускиот претседател се нов „лажен маневар“, тогаш САД и Европа нема да имаат друг избор: Западот ќе мора да продолжи со нови економски санкции против Москва, заклучува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња