Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека во Европа сѐ поприсутен е милитантниот национализам, кој претходно доведе до појава на нацистичката идеологија, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
„Повторно таму се појавува главата на милитантниот национализам, истиот тој национализам кој некогаш доведе до појава на нацистичката идеологија“, изјави Путин за време на средбата со лидерите на Ерменија, Таџикистан, Киргистан и Белорусија.
Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, исто така забележа дека веќе долго време Европа „затвора очи“ на сѐ поголемиот број приврзаници на фашизмот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче