Портпаролот на шефот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин извршил средба со членовите на Советот за безбедност на Русија, се кажува во соопштението на Кремљ.
„Учесниците во советувањето разговараа за тековните прашања во меѓународната политика. Се одржа и размена на мислења за ситуацијата во Украина, како и за преговорите меѓу Путин и претседателот на Швајцарија“, изјави Песков.
Тој забележа дека на советувањето учествувал и премиерот Дмитриј Медведев, шефот на администрацијата на претседателот, Сергеј Иванов, спикерите на двата дома на парламентот, како и секретарот на Советот за безбедност, Николај Патрушев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче