Западни медиуми: судирот меѓу Русија и Западот поради изборите во Украина е неизбежен

Русија и Западот водат борба за влијание пред претседателските избори во Украина, пишува The New York Times. Според мислењето на весникот, таквата атмосфера е неизбежна. Западните држави сметаат дека изборите се клучен фактор за враќање на стабилноста во Украина, додека, во исто време, Кремљ изјавува дека изборите се нелегитимни, се кажува во статијата.

Активирањето на спорот се случува пред Денот на Победата, и киевските чиновници, најверојатно, очекуваат нови масовни судири, забележува весникот. Претходно беше соопштено дека акциите посветени на 69-годишнината од Победата во Втората светска војна, биле откажани од киевските власти поради можните провокации.

Во материјалот се кажува дека, според Москва, изборите на кои проруски кандидат ќе нема никакви шанси за победа, сериозно ќе го ослабат влијанието на Кремљ во Украина. Освен тоа, тоа ќе му помогне на Западот да ја изведе Украина „од орбитата на Москва“, додава весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња