РФ го разбира откажувањето на присуството од страна на американските компании на Петроградскиот економски форум

Русија има разбирање за неколкуте американски компании кои се откажаа од учество на Петроградскиот меѓународен економски форум. Ова го изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, истакнувајќи дека програмата на претседателот Владимир Путин на Форумот останува непроменета.

Според неговите зборови, многу американски компании се соочиле со притисок без преседан.

Ден претходно, The New York Times објави дека помошничката на американскиот претседател, Барак Обама, ги убедува раководителите на американските корпорации да се откажат од учеството на Форумот поради политиката на Русија во Украина. Заменикот министер за економски развој на Русија, Сергеј Балјаков, потврди дека 15% од пријавените компании се откажале од учеството.

Компаниите од европските земји и Блискиот исток, од друга страна, планираат учество на Форумот. Освен говорот на пленарното заседавање на Форумот, Владимир Путин, традиционално, ќе се сретне со деловните лица, раководители на енергетските компании.

Петроградскиот меѓународен економски форум, 18-ти по ред, е клучна руска платформа за разгледување на состојбата и перспективите на домашните и странски фирми и економии, и истиот ќе биде одржан од 22 до 24 мај. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња