Путин ги замоли поддржувачите на федерализација на Украина да го одложат референдумот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги повика претставниците на југоистокот на Украина да го одложат референдумот, закажан за 11 мај, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги повика претставниците на југоистокот на Украина да го одложат референдумот, закажан за 11 мај, пренесува РИА „Новости“.

„Ги молиме претставниците на југоистокот на Украина, поддржувачите на федерализацијата на земјата, да го одложат референдумот, закажан за 11 мај, за некој друг датум“, изјави Путин.

 Како што истакна претседателот, руската страна ги повикува претставниците на југоистокот на Украина да го прифатат таквиот чекор „за да се создадат неопходни услови за дијалог“ со властите во Киев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња