Државната дума внимателно ги следи случувањата на југоистокот на Украина, затоа се откажува од праќањето на пратеници како набљудувачи на закажаните референдуми во регионите.
„Пратеници нема да праќаме. Тоа е внатрешна работа на самите региони“, изјави вице-спикерот на долниот дом на парламентот, Сергеј Неверов.
Референдумите за понатамошната судбина на југоисточните области на Украина се закажани на 11 мај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.