Москва ќе бара детална истрага за трагедијата во Одеса, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Тој бара обелоденување на сите материјали за случајот. Според зборовите на Сергеј Лавров, сведочењата на очевидците кажуваат дека големината на трагедијата се премолчува. „Тоа што се случи во Одеса на 2 мај претставува чист фашизам“, уверен е рускиот министер.
Според официјалните информации на киевските власти на 2 мај во Одеса, во Домот на синдикатите за време на протестите и пожарот загинаа најмалку 46 лица, а повеќе од 200 се ранети. Меѓутоа, некои украински политичари тврдат дека бројот на жртви „е само“ преку 100.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче