Руски авиони биле забележани крај бреговите на американската сојузна држава Калифорнија и островот Гуам во Тихиот океан, изјави шефот на ВВС на САД, Хербер Карлајл, пренесува Ројтерс.
Дејствата на Русија во Украина и Крим имаат директно влијание на Азиско-Тихоокеанскиот регион. Нешто од тоа и самите го гледаме - зголемување на бројот на летови на авијацијата. Тие дојдоа до бреговите на Калифорнија, пролетаа околу Гуам. Американските ловци Ф-15 беа дигнати во воздух за да ги пресретнат авионите кои летаа над Гуам“, подвлече тој.
Меѓутоа, Карлајл додаде дека нагло е зголемена активноста на руските воздушни сили крај бреговите на Кореја и Јапонија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче