Русија и Србија подготвени да градат гасовод

Министрите за надворешни работи на Русија и Србија, Сергеј Лавров и Ивица Дачиќ ја потврдија подготвеноста на обете земји да го градат гасоводот Јужен тек, и нагласија дека Москва и Белград имаат исти гледни точки за случувањата во Украина.

Министрите ова го изјавија за време на средбата во Виена, каде се одржува 124-та сесија на комитетот на министри при Советот на Европа.

Руски „Гаспром“ го гради Јужен тек, со што се заобиколува територијата на Украина. Планирани се вкупно четири краци од гасоводот, секој со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Првите испораки се планирани за 2016 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња