Трагедијата во Одеса мора да биде предмет на истрага, а истата мора да биде спроведена од меѓународните организации, изјави повереникот за човекови права во РФ, Ела Памфилова.
Таа изрази надеж дека и меѓународните новинари ќе се потрудат објективно да зборуваат за овој проблем.
Активистите на „Десен сектор“ и нивните следбеници на 9-ти мај во Одеса го запалија Домот на синдикатите, во кој беа блокирани проруските демонстранти. Украинските власти тврдат дека во пожарот загинале 46 лица, а критичарите на власта зборуваат дека убиени се повеќе од 100 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.