Американски сенатор: Санкциите на САД кон Русија допринесоа да зајакне руската економија

Санкциите на САД кон Русија имаат спротивен ефект и засега допринесуваат само за јакнење на руската економија. Ова мислење го изнесе републиканскиот сенатор Линдзи Грем, пренесува ИТАР-ТАСС.

Санкциите на САД кон Русија имаат спротивен ефект и засега допринесуваат само за јакнење на руската економија. Ова мислење го изнесе републиканскиот сенатор Линдзи Грем, пренесува ИТАР-ТАСС.

„После последната рунда санкции, вредноста на рубљата порасна, а пазарот на вредносни хартии бележи раст. Сето тоа може да се опише како застанување на руската економија на нозе“, истакна сенаторот, кој инаку е познат по своите критички оцени за работата на демократската администрација на претседателот на САД, Барак Обама.

Тој, како што рече, „воведе санкции против енергетскиот и банкарскиот сектор на РФ“. „Освен тоа, им помогна на Украинците со оружје за да можат да се бранат“, изјави Грем, додавајќи дека не се зборува за праќање американски трупи во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња