Првиот заменик на претседателот на Комитетот во Државната Дума за општествени и верски организации, Михаил Маркелов, смета дека после трагичните случки во Одеса, Украина ја чека судбината на Југославија, а сегашното украинско раководство мора да одговараат пред Хашкиот суд за убиства на цивилно население.
„После масакрот во Одеса, после подготовките за масакр во Луганск и другите градови во Украина, ние сфаќаме дека Украина ја чека судбината на Југославија во нејзината најлоша варијанта“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на Маркелов.
Парламентарецот потсети дека во Хаг одговараше Слободан Милошевиќ и Ратко Младиќ, како политичко и воено лице од граѓанската војна. „Би било логично и по идентична шема во Хашкиот трибунал да започне судењето и за нелегалното раководство од Киев“, изјави Маркелов.
Пратеникот ја повика светската заедницата да ја осуди трагедијата во Одеса и да ги обвини оние кои дозволија патење на сопствениот народ.
Во Одеса на 2 мај во нередите, во кои учествуваа радикали од „Десен сектор“, загинаа најмалку 46 лица, а ранети беа околу 170.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче