Новинарите на NYT не открија „руска трага“ во случките во Славјанск

Кореспондентите на американскиот весник The New York Times, откако поминаа околу една недела во Славјанск, изјавија дека не нашле потврда за учество на Русија во случките во градот, пишува весникот.

Кореспондентите на американскиот весник The New York Times, откако поминаа околу една недела во Славјанск, изјавија дека не нашле потврда за учество на Русија во случките во градот, пишува весникот.

Авторите на статијата, откако разговарале во текот на неделата со борците на 12-та народна чета во Славјанск, признаа дека „борците на 12-та чета се Украинци, но и како многумина во тој регион, имаат тесни врски со Русија. Многумина од нив се ветерани од советската, украинската или руската армија. Некои дури имаат и семејства на територијата на Русија“.

Новинарите подвлекоа дека и без учество на руските војници, борците во Славјанск имаат доволно воено искуство за да се справат со ситуацијата.

Тие исто така изјавија дека кај нив нема руско оружје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња