На Западот практично е воведена информациска блокада за сите случувања во Украина, сметаат во МНР на Русија. Ова се кажува во соопштението кое е објавено на интернет-страницата на Министерството.
„Дури и во круговите на ОБСЕ никој не знае дека денес во Украина се лие крв и војниците стрелаат по невини луѓе. За каква слобода на говорот и медиумите можеме да зборуваме во вакви услови?“, се кажува во соопштението.
Во министерството, исто така, побараа соодветните институции како ОБСЕ и Советот на Европа веднаш „да дадат објективна оценка за она што се случува во Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.