Претседателот на Институтот за национална стратегија, Михаил Ремизов, не исклучува дека консултациите кои ФБИ и ЦИА ги спроведуваат со новите киевски власти, можат да бидат доказ за американските планови да ја вовлечат и Русија во локалната војна со Украина, за да можат после да се борат со Москва преку рацете на Киев.
Германскиот весник Bild, повикувајќи се на извори во германските безбедности структури, објави сведочење за тоа дека десетина соработници на ФБИ и ЦИА ги консултираат новите власти во Украина. Германскиот весник пишува дека американските агенти им помагаат на киевските власти да ги прекинат нередите на истокот на земјата и да изградат добро организирани украински безбедносни структури. Но, Американците не учествуваат директно во судирите со Народната војска на истокот - нивната зона на дејствување се ограничува со Киев, истакнува весникот.
„тие (САД), безусловно играат на страната на Киев, и нивната задача е да се спроведат претседателски избори, да се обезбеди контролата на територијата на Украина. Тоа е, така да се каже, само врвот на сантата мраз. Истовремено, не треба да се исклучи вовлекувањето на Русија во воениот судир - за Американците тоа би била најприфатлива варијанта“, смета Ремизов.
Експертот подвлече дека главниот процес не се состои во тоа дали американските експерти работат на страната на Киев, туку кои им се задачите.
Русија повеќепати ја обвини САД дека се меша во ситуацијата во Украина. САД во текот на протестите на Мајдан даваа поддршка на демонстрантите, а потоа ја поддржаа и привремената влада, која беше именувана од Врховната рада, како и симнувањето од власт на Виктор Јанукович.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче