Великодушноста на западните земји која беше демонстрирана во петокот на состанокот на Советот за безбедност на ООН, буди кај киевските власти чувство за неказнивост за нивните акциии, изјави постојаниот претставник на Русија во светската организација, Виталиј Чуркин.
Тој ги повика западните поддржувачи на Киев да ги прекинат борбените дејства, нагласувајќи дека Украина нема да ги избегне најтешките, катастрофални последици.
САД, Велика Британија и Франција не се сложија со Русија во врска со оценката на активноста на Киев. Британскиот постојан претставник, Марк Лајал Грант тврди дека операциите на украинските трупи се желба и напор на Киев да го осигури владеењето на правото и безбедноста на своите граѓани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче