Министерот за енергетика на Русија: Ситуацијата во украинските складови за гас е критична

Ситуацијата во врска со пумпањето на гас во подземните складишта на гас во Украина е критична и неопходни се мерки за нејзино регулирање, изјави за новинарите министерот за енергетика на Русија, Александар Новак.

Тој нагласи дека за време на трилатералните консултации на 2 мај во Варшава, министерот за енергетика и индустрија на Украина, Јуриј Продан, изјави дека украинската страна не гарантира пумпање на неопходната количина гас во складиштата во летниот период. „И во согласност со тоа, Украина не ја гарантира испораката на гас за европските потрошувачи, односно транзит во обем кој е предвиден со договорите меѓу Гаспром и европските купувачи“, објасни министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња