Кери одби телефонски да разговара со Лавров за ситуацијата во Украина

Одбивањето на американскиот државен секретар, Џон Кери да направи телефонски разговор со Сергеј Лавров околу ситуацијата во Украина, претставува неодговорна постапка и зборува за тоа дека САД не се заинтересирани за барање излез од кризата, соопшти извор во МНР на Русија.

Според неговите зборови, во петокот на молба од САД требаше да биде одржан разговор. Темата која Американците ја бараа беше уништување на преостанатите отровни материи во Сирија.

Нагло влошената состојба во Украина Москва ја стави на прво место, пред проблемот во Сирија.

Американската страна, дознавајќи за вклучувањето на темата за Украина, веднаш го одложи разговорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија