Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја повикува Европа да ја изнесе својата оценка околу случувањата во југоисточните региони во Украина, каде киевската власт спроведува казнена специјална операција.
„Со жалење можеме да констатираме дека ваквите чекори на киевските власти го поништуваат Женевскиот договор. Сега веќе тешко дека може да се зборува за очекување на барем делумно исполнување на условите на договорот, но Русија, сепак, ќе продолжи да презема напори со цел да деескалира ситуацијата“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на Песков.
„Ги повикуваме европските главни градови и САД да дадат оценка за случувањата, а оние кои ја користат авијацијата против населените места, секако, ги повикуваме да се предомислат“, истакна тој.
Тој додаде дека Киев, кој донесе одлука за спроведување на казнената операција, неизбежно треба да преземе одговорност, пред сѐ, пред својот народ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче