Американски суд им забрани на компаниите Lockheed и Boeing да купуваат руски мотори

Американскиот федерален суд го забрани користењето на руските ракетни мотори од страна на компаниите United Launch Alliance, заедничко претпријатие на компаниите Lockheed Martin и Boeing.

Американскиот федерален суд го забрани користењето на руските ракетни мотори од страна на компаниите United Launch Alliance, заедничко претпријатие на компаниите Lockheed Martin и Boeing.

На компанијата United Launch Alliance ѝ е забрането купување или трансакции со здружението „Енергомаш“, се кажува во одлуката на судот, која не се однесува на претходните договори и нарачки, пренесува РИА „Новости“.

Забраната успеа да ја издејствува приватната компанија SpaceX, која произведува ракети и вселенски апарати. Оваа компанија се пожали поради тоа што вооружените сили на САД без тендери потпишале договор за купување ракетни мотори од Русија.

Договорот, потпишан со компанијата United Launch Alliance, предвидува купување на 36 ракетни мотори РД-180. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња