Ветераните од Втората светска војна на 9 мај, по повод празникот на Победата, ќе одржат во американските училишта „лекции за мирот“, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Тоа се часови по повод празнувањето на Победата, овозможена преку напорите на земјите учеснички во антихитлеровската коалиција, во која, несомнено, главна тема одигра Советскиот Сојуз“, изјави учесник во Прашката офанзива од Црвената армија, 89-годишниот жител на Њујорк, Никоај Зајцев.
Ова е прв пат да се одржат вакви „лекции на мирот“ во американските училишта, нагласи ветеранот. „Ќе се потрудам да им објаснам на децата за крајната ограниченост на едностраниот поглед на Втората светска војна во нивните учебници, каде стои како заклучок дека фашизмот е победен благодарејќи само на Америка. За одлучувачката улога на СССР нема ниту збор. Младите мораат да ја знаат вистината, а моја должност е истата да ја приближам на младото поколение“, смета ветеранот.
Тој е загрижен поради сѐ поинтензивните напори и обиди да се ревидира резултатот од Втората светска војна. „Русија има тешка задача - да се спротивстави на фалсификаторите на домашната и светската историја. Кулминација на неправеден однос кон ветераните се и акциите на новите украински власти, насочени кон укинување на Денот на Победата. Борците тоа го доживуваат како тешка навреда“, изјави Зајцев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче