Керчанското бродоградилиште „Залив“ е единственото место во Русија каде можат да се градат арктички бродови со голем депласман, соопшти за РИА „Новости“ Алексеј Кравченко, официјален претставник на Обединетата корпорација за бродоградба.
Вака тој ја коментираше изјавата на потпретседателот на Владата на Русија, Дмитриј Рогозин, кој изјави дека кримските бродоградилиште ќе учествуваат во изградбата на бродови за експлоатација на акртичкиот брег. Сега бродовите се градат на бродоградилиштата во Санкт Петербург и на рускиот Далечен Исток.
„На Крим се наоѓа единственото бродоградилиште во Русија кое има конструкција долга 300 метри и широчина од 50 метри, во која можат да се градат супертанкери за превезување нафта и гас со носивост од 150 илјади тони“, изјави Кравченко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче