Путин: најважно е да се повлечат војниците од југоистокот на Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во разговор со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, изјави дека најважно во овој момент е да се повлечат војниците од југоистокот на Украина, да се прекине со насилството и да се започне со широк национален дијалог, пренесено е на интернет-страницата на Кремљ.

„Предложено е да се разгледа и разговара за кризата во општествено-политичката ситуација во Украина. Меркел побара да се помогне во ослободувањето на задржаните набљудувачи на ОБСЕ на југоистокот на Украина“, се кажува во соопштението.

За време на дијалогот двете страни ја забележале важноста „максимално да се дејствува заедно во Украина со помош на посредничкиот потенцијал на ОБСЕ“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња