Претседателот на Русија, Владимир Путин, награди петмина граѓани на Русија со златниот медал „Херој на Русија“, пренесува ИТАР-ТАСС:
Според информацијата на агенцијата, звањата ги добиле главниот тренер на националната екипа на Русија за синхронизирано пливање, Татјана Покровскаја, Иван Ајдулин, работник на машини за дупчење во „Сургутнефтегас“, Алиса Аксјонова, шеф на историско-архитектурниот музеј во Владимир, Михаил Готовцев, раководител на селското стопанство „Удјуор“ во Јакутија и Јуриј Лепехин, учител во средно училиште во Волгоград.
Зборувајќи за лауреатите, Путин забележа дека на нивните рамиња има „долг и тежок пат до успехот“. Според него, ваквите трудбеници создаваат „силна Русија која живее во благосостојба“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче