„Нефтогас“ му предлага на „Гаспром“ ревидирање на договорот за гас

„Нефтогас Украина“ испрати до „Гаспром“ предлог за ревидирање на договорот за испорака на гас, се пренесува на интернет-страницата на холдингот.

„Нефтогас Украина“ испрати до „Гаспром“ предлог за ревидирање на договорот за испорака на гас, се пренесува на интернет-страницата на холдингот.

Како што се забележува од прес-службата на „Нефотгас“, предлогот се однесува за разгледување и промена на неколку одредби од договорот од 2009 година, а клучно прашање е разгледувањето на цената на гасот.

„Станува збор како за цената на гасот, предложена од украинската страна од први април годинава, така и за цената која „Нефтогас“ треба да ја плати за минатата“, се кажува во соопштението од компанијата.

Претходно беше објавено дека „Нефтогас“ не планира да му плати на „Гаспром“ 11 милијарди долари за неискористениот гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња