На фонот на сѐ поострите односи меѓу Москва и Вашингтон поради ситуацијата во Украина, воените лица од Русија и САД воспоставуваа врски за да се избегне „ненадејната или случајна“ конфронтација во регионот, пишува The Washington Times. Како што пренесува весникот, цитирајќи високопоставен претставник од Пентагон, прашањето било разгледувано од шефовите на штабовите на ВС на САД, Мартин Демпси и шефот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов.
Портпаролот на Демпси, Едвард Томас, потврди дека се одржал состанок. Исто така, тој уточни дека страните дошле до „консензус за решавање на проблемите во комуникацијата“. Според зборовите на Томас, Демпси и Герасимов, договорено е да се изврши подобрување на врските, комуникацијата и професионалната етика за да се избегне „било какво недоразбирање“ со кое би можеле да се судрат двете страни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче