Русија до крајот на август ќе лансира петнаесет сателити

Русија во следните три месеца ќе изврши петнаесет нови лансирања на вселенски апарати од пет космодроми, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор во ракетно-вселенската индустрија.

Русија во следните три месеца ќе изврши петнаесет нови лансирања на вселенски апарати од пет космодроми, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор во ракетно-вселенската индустрија.

„Во мај, јуни и јули се планира да се извршат по пет лансирања. Седум од петнаесетте лансирања ќе бидат извршени од космодромот Бајконур, кој Русија го изнајмува од Казахстан, пет од космодромот Плесецк во Архангелската област и по еден од космодромот Куру од подвижна платформа во Тихиот океан и од космодромот во Оренбургската област“, забележа изворот.

Од почетокот на 2014 година во светот беа извршени 23 лансирања: девет од страна на Русија, седум од САД, по два од Индија и компанијата Arianespace, и по еден од Јапонија, Кина и Израел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња