Путин поддржа создавање на руски канал за цртани филмови

Претседателот на Русија, Владимир Путин ја поддржува идејата за создавање на телевизиски канал на кој ќе бидат прикажувани само руски цртани и анимирани филмови, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

Ова Путин го изјави за време на разговорот со министерот за култура, Владимир Медински.

„Веќе кај нас работат околу 10 странски детски канали. Ни се чини дека би било правилно телевизискиот канал “Карусељ“ да стане канал кој ќе прикажува исклучително домашна анимација“, изјави Медински.

Путин изјави увереност дека владата на Русија ќе го поддржи предлогот на Министерството за култура. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња