Русија повика на итно одржување трета рудна преговори за Сирија, изјави во вторникот во СБ на ООН амбасадорот на Русија во организацијата, Виталиј Чуркин. Според неговите зборови, во Сирија неопходно е „да се искористи секоја понудена шанса за решавање на проблемот во рамките на женевскиот формат“.
Чуркин, исто така, ги повика умерените опозиционери одлучно да се оградат од терористичките организации како што се „Исламската држава на Ирак и Левант“, „Џабхат ан Нусра“ и „Исламскиот фронт“.
Амбасадорот на Русија во ООН со задоволство истакна дека сириските власти успеале да извезат повеќе од 92% од отровните средства и покрај предизвиците во безбедносната сфера.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче