Потпишувањето на Договорот за Евроазиската економска унија ќе овозможи да се направи уште еден чекор нанапред во меѓусебната соработка меѓу Русија, Казахстан и Белорусија, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин после седницата на Високиот Евроазиски економски совет во Минск.
„Тоа ќе ја зголеми конкурентноста на нашите економии и ќе привлече домашни и странски инвеститори“, смета рускиот лидер. „Пазарот од 170 милион може да биде уште попривлечен и посодржаен“, изјави Путин.
Тој изрази уверување дека Русија, Казахстан и Белорусија ќе најдат компромис за аспектите на Договорот кои досега не биле усогласени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.