Несогласувањата околу Украина не значи дека Русија се одрекува од партнерството со ЕУ, стои во извештајот, објавен на интернет-страницата на МНР на Русија. Во документот се зборува дека посебно внимание ќе се даде на соработката во енергетската сфера, меѓу другото, за развој на трансевропските гасоводи „Северен тек“ и „Јужен тек“.
МНР на Русија истовремено истакна дека односите меѓу Русија и ЕУ започнаа да се влошуваат кон крајот на минатата година. Проектите за приклучување на Украина, Молдавија, Ерменија и Грузија во зоните за слободна трговија, кои Брисел ги иницираше во рамките на програмата „Источно партнерство“, фактички ги ставија овие земји пред лажен избор меѓу Русија и западните партнери, стои во извештајот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче