Припадниците на Звенигородскиот противавионски ракетен полк на РФ, вооружени со противавионските ракетни системи С-400 “Триумф“, на 28 април стапија на воено дежуство во редовите на противвоздушната одбрана на Москва после обуката со „Тембр-М“.
Ова го пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Алексеј Золотухин, официјален претставник на Трупите од воздушно-космичката одбрана на Руската Федерација.
„Приадниците на Звенигородскиот ПВО полк, кои во март годинава добија нови противавионски ракетни системи С-400 „Триумф“ и ПВО системи „Панцир-С1“, успешно го поминаа контролното тестирање и примената на С-400 во центарот за тренинг“, соопшти Золотухин.
„Тие веќе извршија стрелање со С-400 на полигонот Капустин Јар и стапија на воено дежурство во редовите на ПВО на Москва и Централното индустриско подрачје“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче