Од космодромот Бајконур е лансирана ракетата-носач „Протон-М“ со рускиот сателит „Луч-5В“ и казахстанскиот телекомуникациски сателит „КазСат-3“, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на Александар Бобренев, официјален претставник од Државниот вселенски научен центар.
„Лансирањето на ракетата-носач 'Протон-М', опремена со блокот за забрзување 'Бриз-М', беше направено во 8:25 по московско време“, изјави тој.
Вселенскиот апарат „Луч-5В“ е третиот повеќефункционален вселенски систем од генерацијата „Луч“, кој се создава во рамките на Федералната вселенска програма на Русија од 2006 до 2015 година. Системот за транслација „Луч“ е предвиден за обезбедување на врска со рускиот сегмент од Меѓународната вселенска станица, со нискоорбиталните вселенски апарати и ракетите-носачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче