17 руски компании се најдоа под санкциите на САД

САД воведоа дополнителни санкции против 17 руски компании, се пренесува на интернет-страницата на министерството за финансии на САД. Освен тоа, властите на САД објавија дека е прекинат извозот на високотехнолошки стоки „кои можат да послужат за зголемување на воената сила на Русија“.

Според зборовите на портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, санкциите се воведени поради приклучувањето на Крим во составот на Русија, кое САД не го признаваат, како и поради позицијата на Русија околу Украина.

Станува збор за санкции врз комерцијалните организации „Акваника“, „Авиа груп“, „Авиа груп Норд“, „Зест“, банката „Русија“, Инвесткапиталбанк, Собинбанк, „Сахатранс“, СМП-банк, „Стројгазмонтаж“, „Стројтрансгаз“, „Аброс, „Атрансојл“, Volga Group и др. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња