Поранешниот началник на личното обезбедување на поранешниот претседател на Грузија, Зваид Гамсахурдиј, кој се крие во Финска, започна со собирање доброволци за учество во борбите против проруските сили на територијата на Украина, пренесува „Известија“.
Според зборовите на соговорникот на овој весник, собирањето доброволци се финансира преку грузиските невладини организации „Слободна зона“ и партијата „Единствено национално движење“, која беше на власт додека Михаил Саакашвили беше претседател.
„Најмногу се врбува младината која уште нема јасно дефинирани политички ставови, како и тие кои ја мразат Русија и се блиски до радикалните групи и бандитски организации“, смета изворот.
Претседателот на „Евроазиски избор - Грузија“ , Арчил Чкоидзе, ја потврди оваа информација. Според неговите зборови, и „Слободна зона“ и „Единствено национално движење“ отсекогаш биле против Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче